Либерализмот во Европа сега значи не слобода, туку политичка коректност

Во последните денови едно мислење се шепоти низ Европа – дека сите терористи се мигранти и сите бегалци се терористи.

Еден од главните протагонисти на ова (не)логично тврдење е Виктор Обран, крајнодесничарскиот премиер на Унгарија.

Во 90-минутно интервју дадено една недела по нападите во Париз, Орбан нуди “лек за европските болки”: непробивна надворешна граница која ќе го спаси Шенгенот, нов договор за ЕУ кој може да го зајакне суверенитетот на земјите за сметка на влијанието на Брисел, како и нормализација на односите со Русија.

618x345

“Фактите покажуваат дека сите терористи главно се мигранти. Прашањето е кога тие се нашле во Европската унија”, објаснува Орбан, кој се наоѓа во пространа канцеларија со поглед кон Дунав во прекрасната зграда на унгарскиот парламент.

Зад Орбан се закачени две карти: едната покажува мал дел од границата меѓу Унгарија и Хрватска, а другата – панорамски поглед откај Балканот и Турција, каде стотици илјади мигранти минуваат.

Тој зборува за “претежно логична” врска меѓу терористичките напади и влегувањето на муслиманите во Европа, независно “дали ви се допаѓало тоа или не”.

“Мнозинството од западните лидери го негираат овој факт”, додава тој. И овој “амок на политичката коректност ја дестабилизира Европската политика, бидејќи го зголемува растојанието меѓу лидерите и народот”.

“Ние сакаме да го спасиме Шенген”

Унгарската критика на европската политика кон бегалците оваа година ги промени условите на дебатата со првото затворање на граници. Лидерот на оваа земја со 10 милиони жители го претставува нецензурираниот идентитет на десницата, нудејќи идеи кои останатите земји-членки не можат да ги игнорираат.

Поврзувајќи го тероризмот со миграцијата, Орбан вели дека “работа број еден” по Париз е “да се чуваат границите и да се контролира кој влегува”.

НАТО и земјите-членки се “во војна” со исламистите во Блискиот Исток и Авганистан. Затоа, според Орбан, “доста логично” е непријателите да испраќаат свои борци меѓу мигрантите кои влегуваат во Европа.

“Сите тие претставуваат ризик за безбедноста, бидејќи не знаеме кои се. Ако им дозволиш на илјадници или милиони неидентификувани луѓе да влезат во твојот дом, ризикот од тероризам значително расте”, тврди тој.

309208-nemame-pravni-zabeleshki-na-krevanjeto-ogradi-dolzh-shengenskite-granici

“Ние ги критикуваме ЕУ и НАТО, но не сме против нив”

Орбан нема амбиции да ги води западните земји, како Белгија и Франција, како и да се справи со потомството на муслиманските мигранти, што, според неговите зборови, припаѓа на “паралелни општества” – со европски пасоши, но без европски вредности.

И додека повиците да се преиспитаат отворените граници во Европа растат – пет држави водат прелиминарни разговори за создавање на ограничен, “мини-Шенген” (кој нема да ја вклучува Унгарија). Во тоа време Орбан не размислува за крај на слободното движење:

“Ние би сакале да го спасиме Шенгенот. Ние би сакале да ја спасиме слободата … проблематични се нерегулираните и надворешните граници”.

Премислувањето на ЕУ

Унгарија доби остри критики заради бодликавата жица долж границата со Србија, која што ја крена против миграциските бранови.

За Орбан сепак таа претставува “одбрана на правилата на ЕУ, кои Грција не може да го исполни, откако им дозволува на бегалците да продолжат на север непречено”. Така дебатата за квотата распределба на мигрантите во ЕУ премина кон прашањето како воопшто да се запре нивното доаѓање.

“Ако не се согласувам со нив, тие велат “Ти не си демократ, ти не си добар човек, ти си лош “, вели премиерот на адреса на неговите европски колеги.

Серијата проблеми во Европа оваа година – од опасноста за банкрот на Грција до мигрантите и тероризмот, како и веројатното напуштање на Велика Британија, Орбан ги толкува како аргументи за сеопфатна реформа на ЕУ.

Блокот “само реагира криза по криза, наместо да излезе со идеи”, тврди Орбан, а на прашањето дали ќе постои сојузот после 10 години, тој одговора со…

“Тоа е отворено прашање”.

Орбан сака нова конвенција за иднината на Европа, со мандат за промена на основните заеднички договори. Последниот обид за ревизијата им беше пред десетина години, кога поранешниот француски претседател и поранешен претседател на конвенцијата Валери Жискар Дестен предложи проект за европскиот устав.

Тој, сепак не успеа на референдумите во Франција и други држави од Унијата.

Орбан нуди балансот на силите да се сконцентрира повторно во националните држави, како и да се одземе власта од лидерите во Брисел, кои имаат “премногу силна желба да направат европски САД”.

Унгарците немаат илузии во врска со способноста на лидер од Централноевропската држава да ги наметне своите ставови на целата ЕУ.

Дури Дејвид Камерон и Британците “не се доволно силни за да предизвикаат европска дискусија”, а можат само да тргуваат услови за самата Британија.

Иако се смета како лидер кој го сврте грбот на “либералната демократија”, Орбан тврди:

“Местото на Унгарија е на Запад. Ние ги критикуваме НАТО и ЕУ, бидејќи се далеку од совршени, но Унгарците имаат позитивен западен став”.

Viktor Orban

Орбан не се прифаќа самиот како популист-провокатор, каков што го опишуваат европските медиуми.

“Основата на политиката е во соработката, а не во конфронтацијата. Ние соработуваме. Ние се противиме само ако е потребно, а не затоа што ни дава задоволство”, вели тој.

Тој не е “диктатор” од типот на Путин или Ердоган, ако го парафразираме потсмевот упатен од Жан-Клод Јункер, дека е “Малиот Путин од Будапест”. Орбан му врати нарекувајќи го “Великиот Херцог”.

Во стилот на “арогантен западен мејнстрим” унгарскиот премиер секој пат е лош, ксенофоб, едвај да не луд.

Неодамна американскиот амбасадор во Будимпешта Колин Бел остро ја критикуваше “централизацијата на власта” на Орбан поради ограничувањата против НВО-та, медиумите, корупцијата и проблемите со судскиот систем.

Либерален демократ

Во сето ова има голема доза иронија – актуелниот унгарски авторитарен лидер во средината на 80-тите години е дисидент, селско момче, а потоа влегува меѓу основачите на студентското движење “Фидес”.

Орбан очекува наскоро повторно да е во опозиција, бидејќи таму не му е непознато. Неговите поранешни сојузници од транзицијата сега го нарекуваат предавник, популист и политички циник.

Пред неколку месеци, во говорот пред етничкото унгарско малцинство во Романија, Орбан изјави дека либералната демократија е мртва, затоа сака да создаде “либерална национална држава”.

orban_putin_01

“Либерализмот во Европа сега значи не слобода, туку политичка коректност.

… Склеротична идеологија, догматска, би рекол. Либералите сакаат да ја исклучат Унгарија од процесот на донесување одлуки како национална држава. Тие војуваат со секој кој не мисли како нив”, резимира Орбан.

“Јас и Путин”

Во минатото борец против комунизмот, сега пријател на Русија. Економските санкции против Кремљ, Унгарија всушност ги укина минатата година и инсистира таква одлука да заземе целата ЕУ, со тоа што зборот ќе го има Германија.

“Политиката е полна со чудни работи, тоа е дел од оваа професија. Нема ништо лично, а и моето мислење не е важно пред интересите на Унгарците. Без Русија тие не можат да бидат соодветно обезбедени. Путин не е лесен човек, но тој е партнер “, истакнува премиерот.

Руските и европските принципи и идеали се невозможни за усогласување, затоа треба да се прави реална политика – уметноста на можностите, смета Орбан.

“Со Германците се работи полесно. Ако со Меркел се договориме за принципи – имаме реални промени. Ако со Путин се договориме за вистински промени – немаме согласност за принципите”.

Или како што велат Унгарците – тоа се две различни установи за кафе.

- Реклама -