Home Букаке Откриено зошто мачките се плашат од краставици

Откриено зошто мачките се плашат од краставици

0
Откриено зошто мачките се плашат од краставици

Ако ставите краставица покрај својата мачка, ќе забележите дека ќе се исплаши.

Ова може да се забележи на повеќето од видео-снимките во кои сопствениците ги снимиле своите миленичиња. Од која причина кај нив се јавува страв од краставици, објаснија познавачите на темата.

Џил Голдман, експерт за однесување на животни кажала за „Национал геогрфик“ дека краставицата која одеднаш ја гледа мачката во својата близина кај неа предизвикува рефлекси кои се јавуваат кога ќе забележат нешто неочекувано.

-Кога мачката ќе се изненади, најчесто се обидува да побегне или да набљудува од далечина, вели таа.

-Краставиците во непосредна близина ги збунуваат, затоа што го губат чувството на сигурност, смета Пам Џонсон-Бенет, авторка на книгата „Размислувај како мачка“.
Џил Голдман вели дека е можно мачките да ги поврзуваат краставиците со змиите, од кои се плашат чувствувајќи дека се предатори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here