Дејвид Бекам прогласен за најсекси маж на годината

Магазинот People го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за најсекси маж на годината.

Уредниците велат на изборот влијаеле и други карактерискики кои биле пресудни за оваа одлука. Освен одличниот изглед Дејвид е посветен татко и сопруг и се грижи за своето семејство.

01

Оваа „титула“ Пипл ја доделуваат по јубилеен 30-ти пат, што на Бекам му претставува огромна чест.

Фудбалската легенда и сопруг на дизајнерката Викторија, познат е по својот добар изглед, а за време на кариерата снимаше реклами за Pepsi и за Adidas, беше и модел за долна облека за Џорџо Армани.

- Реклама -