Новиот скафандер на NASA

Ова е првата фотографија на следната генерација на скафандерот на NASA – Z-1.

Новиот скафандер содржи неколку нови елементи кои треба да ги олеснат вселенските прошетки и влегувањето и излегувањето од вселенските летала.

1. Влез

Астронаутите влегуваат во скафандерот преку отворот во грбот. Влезот се поврзува со вселенското летало и му овозможува на астронаутот да влезе во скафандерот за вселенски прошетки. Друга предност на новиот скафандер: Кога се користи во ситуации со ограничена атмосфера овој влез зачувува повеќе воздух од конвенционалните отвори на вселенските летала.

2. Подвижност

Z-1 има лагери во половината, колковите, колената и глуждовите за да овозможи поголема подвижност – важна за собирање примероци на почва и камења во нерамен терен.

3. Материјал

Овој провизионален надворешен слој покрива доста детален внатрешен костим; слој од најлон покриен со уретан го задржува воздухот а слој полиестер му овозможува на костимот да го задржи својот облик. [NASA’s next spacesuit makes astronauts look like trash bags]

- Реклама -