Лековитите својства на камилицата

Камилицата била ценета лековита билка уште во стариот век во древен Египет, Грција и Рим. Хипократ, Диоскорид, Гален и други лекари од тоа време употребувале камилица како средство против болки и грчеви во органите за варење, особено кај децата, како и за лекување на различни воспаленија на кожата и слузокожата.

камилица

Камилицата содржи калциум, фосфор, сумпор, смола, горчливи материи, танин и етерично масло.

Лековитите својства на камилицата доаѓаат од нејзините цветови кои содржат испарливи масла (бисаболол, бисаболол оксиди А и Б, и матрицин), флавоноиди и други терапевтски супстанции.

Кај нас камилицата е синоним за чај. Чајот од камилица е особено добар за смирување на нервниот систем. Доколку сте под постојан стрес, на работа или дома, редовно конзумирајте чај од камилица. Само по неколку дена редовно конзумирање на овој чај, ќе забележите драстични промени. Ќе се чувствувате по смирено, опуштено и повесело.

kamilica

Чајот од камилица е особено делотворен за луѓето кои имаат проблеми со паѓањето на косата. Ако сте од оние кои имаат ваков проблем, тогаш редовно мијте ја косата со чај од камилица, искуствата покажале дека паѓањето на косата значително се намалува со овој третман. Доколку сте од групата на жени кои редовно имаат потешкотии за време на менструалниот циклус, тогаш натопете крпа со млак чај од камилица и држете како облога, според некои истражувања оваа метода ги олеснува менструалните потешкотии, заедно со оралното земање на чајот. Ова е многу подобро од постојаното користење на силни анелгетици.

Камилицата може да се користи:

  • при несоница, покачена температура, болести на желудникот
  • за инхалација при настинка и астма
  • за намалување на стомачните болки кај децата
  • за забрзување на лекувањето при алергии, осип, чиреви и рани на кожата
  • олеснување на утринска мачнина во текот на бременоста
  • смирување на кожата помали изгореници и изгореници предизвикани од сонцето
  • несоница, покачена температура, настинки, болести на желудникот

 

- Реклама -