До 2034-та муcлимaните ќе бидат огромен дел од населението во Русија

Верници во Москва . Извор: MuslimMirror

Муслиманското население во Русија забрзано расте, вели претседателот на Советот на муфтиите во Русија, но и поглавар на Духовното лидерство на муслиманите во земјата – Равил Гајнутдин, во интервју за „Известија“. Ваквиот тренд главно се должи на приливот на мигpaнти од Централна Азија и арапскиот свет.

Денес во Русија има повеќе мycлимани отколку во времето на Царството Русија, но од некогашните 14.000 верски храмови, останати се нешто над 8.000, што создава голема концентрација на верници во и околу џамиите, особено за време на иcлaмcките верски празници. За да се задоволи големата потреба од верски објекти, во Русија ќе треба да се изградат уште околу 50 до 60 џамии, но тоа често наидува на отпор од локалните власти, тврди Гајнутдин.

Според него, повикувајќи се на „уважени експерти и аналитичари“, за 15 години близу 30% од населението на Русија (кое во моментов е околу 145 милиони) ќе бидат мycлимани.

За разлика од советско време, кога Соборната џамија во Москва, на пример, на празничните богослужби привлекувала по помалку од 35.000 мycлимани, денеска овој храм привлекува по 130.000 иcламски верници, вели тој. Слично е и во Санкт Петербург, каде имало 250-300 илјади мycлимани, а денес има близу 1 милион. Забрзан развој на мycлиманските заедници има во повеќе области, меѓу кои и во Калининград, Карелија, Коми и други региони, истакнува верскиот лидер.

„Млади луѓе без семејства доаѓаат од Централна Азија во Русија и остануваат за да работат и да формираат семејства. Децата на гурбетчиите учат во руски училишта и успешно се запишуваат на руските универзитети. Тие веќе се руски граѓани и нивниот број расте секоја година“, вели Гајнутдин. „Студенти од арапските мycлимански земји доаѓаат кај нас, се женат и остануваат тука. Зарем малку ги има такви меѓу докторите?“, додава тој.

 

- Реклама -