„Ќе умрам од страв“ – Стварно може?

Создавањето на адреналин влијае и на создавањето на калциум кој исто оди кон срцето. При силна реакција на страв, калциумот продолжува да навлегува во срцето поради што срцевите мускули  не можат да се релаксираат.

Кога ќе нè обземе страв, првата инстиктивна реакција е борба или бегање. Овие реакции им помагале на нашите предци да опстанат кога биле соочени со напад на некое животно на пример, затоа што стравот давал одредена доза на адреналин.

strav-reakcija

Адреналинот е несвесен рефлекс кој го контролира автономниот нервен систем. Соочени со ситуацијата која ги плаши, луѓето чувствуваат забрзано тропање на срцето, им се шират зениците и им се зголемува протокот на крв во мускулите. За жал, голема количина на адреналин може да го оштети срцето, пренесува Live science.

Создавањето на адреналин влијае и на создавање на калциум кој исто забрзува кон срцето. При силна реакција на страв, калциумот продолжува да навлегува во срцето поради што срцевите мускули не можат да се релаксираат.

Кога сме преплашени, тогаш голема количина на адреналин доаѓа до срцето па можеме да добиеме вентрикуларна фибрилација, состојба во која срцето не отчукува правилно како што инаку би требало. Тоа доведува до пад на крвниот притисок, крвта не доаѓа до мозокот поради што паѓаме во несвестица.

Исто, некои настани кои многу нè исплашиле можат да доведат до неправилно отчукување на срцето, претворајќи ја застрашувачката ситуација во смртна. Ова може да се случи и кај најздравите луѓе. Стравот не е единствениот двигател, секоја екстремна емоција може да предизвика таква реакција. Големата количина на адреналин може да доведе до смрт за време на сексуален чин, или спортски настан.

Може да се јави како реакција на звук, па дури и мирис. Добрата вест е тоа што луѓето можат да се обидат да ја заблажат реакцијата на страв со помош на медитација или јога.

- Реклама -