5 страшни нешта што ве очекуваат во бракот

Ја пронајдовте вашата сродна душа и оттогаш сонувавте да го поминете животот заедно. Свадбената прослава е возбудлива и бајковита, дури може да се каже совршена, но не и животот по неа. Еве ги петте најстрашни изненадувања за сите младенци отакако ќе одјаваат заедно во зајдисонцето…

1. Вашата прва голема караница

И порано сте се карале но, ова е поинаку, нели? Сега сè се чини многу поинтензивно. Крстете ја оваа караница како „поучна“. Вие всушност со ова си правите услуга…учите како вашите расправии да ги направите попродуктивни во иднина. Бидејќи сите знаеме дека оваа можеби е прва, но секако не е последна!

2. Првата средба со пријателите по свадбата

Прифатете го фактот дека вашиот брак може чудно да влијае на вашите пријатели. Кај некои од нив вашиот брак може да го зголеми притисокот за и тие самите да стапат во брак, додека, кај некои може да ја разбудат љубомората предизвикана од вашиот „совршен“ живот. На вашите вистински пријатели би им било и повеќе од доволно да видат дека вие не сте се промениле и дека вашата среќе не претставува закана за нив.

3. Првиот инцидент со свекрвата

Во конфликтните ситуации со вашата свекрва или било кој член од неговото семејство мора да постапувате многу внимателно. Доколку се обидете да се спротиставите или одбраните на поагресивен начин, вашиот сопатник може да ве обвини дека вие не ги почитувате неговите блиски или пак дека сте нечувствителни. Обидот да ги избегнувате семејните прослави исто така нема да го реши овој проблем…напротив, тој може само да помисли дека се обидувате да го оддалечите од неговото семејство.

Затоа обидете се да бидете трпеливи и критиките да ги ислушувате смирено. Откако целата таа ситуација ќе заврши, смирено и на само, објаснете му на вашиот партнер дека вие навистина сакате да имате близок однос со неговото семејство и дека баш затоа ви е потребна неговата помош на почетокот. Нема сомневање дека тој ќе биде на „ваша страна“ по тој разговор. Вложете вистински труд во овие релации, тоа ќе биде вистински подарок за вашиот сакан!

4. Првиот пат кога ќе се соочите со прашањето „Кога планирате да имате деца?“

Ваквите прашања прифатете ги единствено како комплимент од личноста која ве прашува бидејќи би биле одлични родители. Не го претворајте во проблем и во ситуација каде што целата просторија се исполнува со тишина. Овие прашања навистина не се поврзани со вашите лични мислења и ставови околу имањето деца со вашиот партнер и вистинското време за тоа. Затоа, насмевнете се и одговорете: „Сè уште не знаеме, но бидете сигурни дека вие ќе бидете првите кои ќе ги израдуваме со среќната вест!“

5. Првата девојка која ќе флертува со него

Првиот пат кога некоја девојка ќе се доближи до вашиот сопруг и ќе започне да флертува со него,  не се возбудувајте. Доближете му се и шепнете му: „Разбирам зошто ти се приближи баш тебе, ти си најпривлечниот маж во просторијава“. На овој начин, таа девојка штотуку ви направи услуга; вашиот сопруг ќе ве сака уште повеќе поради тоа што сте сигурни во неговата лојалност. Не се нервирајте, ова е најверојатно таков тип на девојка која се однесува на овој начин со сите мажи.

- Реклама -