Абрамовиќ поспецијален од „специјалниот“

По сè изгледа дека  неделава, Мурињо ќе „лета“ од Челзи. Абрамовиќ сакаше отказот да му го спакува уште пред 2 недели, но му остави уште една шанса. Таа шанса, Мурињо не што не ја искористи, туку загуби од Вест Хем и доби црвен картон. Медиумите низ островот информираат дека веќе и играчите ја губат довербата во него. Па и со право, во последно време човекот не пропушташе прилика да не ги искритикува.

Дека „специјалниот“ си оди, тоа е јасно, но кој ќе го замени?

Во игра се: Карло Анџелоти кој веќе има освоено една титула со лондонскиот клуб, Гус Хидинг кој има освоено ФА куп со Челзи и Пеп Гвардиола, за кој може да се каже дека е повеќе желба на Абрамовиќ, отколку реална опција.

 

- Реклама -