Прв собир на инстаграмџии во Скопје

Во четврток, 26 јули 2012 година, во 17.30 часот, во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи првиот собир на инстаграмџии во Македонија, како дел од светскиот ден на собири на корисниците на оваа апликација.

Идејата зад овој собир е корисниците да се дружат, да фотографираат животни во зоолошката градина, да извадат серија фотографии од собирот, да споделат искуства, да разменат совети, итн. Се охрабруваат сите заинтересирани што ќе дојдат на ова дружење да го користат интернационалниот хаш-таг за настанот #Instameet, како и вториот хаш-таг со кој ќе се прави локализација #InstameetSkopje.

Се сликаме во Зоолошка!

Најдобрите фотографии од средбата на инстаграмџии во ЗОО

- Реклама -