Малкумина осомничени во истрагата за Volkswagen

Помалку од 10 лица се осомничени за грандиозниот скандал “Дизелгејт”, кој го зацрни имиџот на германскиот автомобилски концерн Volkswagen.

Ова го објави портпаролот на германската обвинителство Клаус Цихе, пренесе The Local.

Веста доаѓа откако Der Spiegel објави материјал во кој се тврдеше дека осомничени се 30 лица, а новиот шеф на VW Матијас Милер веќе објави дека четворица вработени на компанијата, од кои тројца извршни директори на единицата за инженеринг, се отстранети од работа.

Во германските медиуми се споменуваат неколку имиња. Едно од нив е Улрих Хакенбрг, шеф на научно-истражувачките активности во Audi. Другото име е на Волфганг Хац кој ја зазема истата позиција како Хакенберг, но во Porsche. Досега сепак од VW нема официјална потврда.

w

Во меѓувреме француските канцеларии на VW исто станаа предмет на проверка. Во Франција се продадени речиси 1 милион автомобили на германската компанија со софтвер за манипулација на штетните гасови.

Инаку веќе се јасни и првите извештаи на VW за септември оваа година. Само за првиот месец од есен германската компанија продала едвај 885 300 возила во целиот свет, а за првите девет месеци од годината – 7,431 милиони автомобили. И двете вредности значат пад од 1,5% на годишна основа. На регионална база сепак податоците се други – продажбата во Европа се зголеми за 3,8%, а само во Германија – со 1,5%. Не така добро стојат работите во Бразил, Русија и Кина. Таму има намалување од соодветно 43,7%, 26% и 0,8%.

Потсетуваме дека скандалот со VW избувна на 18-ти септември.

- Реклама -