Американски судски бисери

Судија Американските судници станаа легендарни според некои од неверојатните дијалози кои таму се одвиваат. Следи селекција на најблескавите бисери…


Американските судници станаа легендарни според некои од неверојатните дијалози кои таму се изречени. Следи селекција на најблескавите бисери:

clipart_cartoon_of_judgeАДВОКАТ: Дали сте сексуално активна?
СВЕДОК: Не, само лежам.

АДВОКАТ: Оваа „миастенија гравис“, дали влијае врз вашата меморија?
СВЕДОК: Да, заборавам.
АДВОКАТ: Заборавате? Можете ли да ни дадете пример за нешто што се заборавиле?

АДВОКАТ: Што беше првото нешто што вашиот сопруг ви го кажа тоа утро?
СВЕДОК: Рече „Каде сум Кети?“
АДВОКАТ: И зошто тоа толку ве вознемири?
СВЕДОК: Се викам Сузан!

АДВОКАТ: Докторе, нели е точно дека доколку некој умре во сон, не е свесен за тоа дури до утрото?
СВЕДОК: Дали навистина го имате положено адвокатскиот испит?

АДВОКАТ: Најмладиот син, 21 годишникот, колку години има?
СВЕДОК: Ммм, 21…

АДВОКАТ: Дали бевте присутни кога ве сликаа?
СВЕДОК: Се шегувате?

АДВОКАТ: Датумот на зачнување беше 8 август?
СВЕДОК: Да.
АДВОКАТ: Што правевте вие во тоа време?
СВЕДОК: Ммм, имав секс!

АДВОКАТ: Таа имаше три деца, така?
СВЕДОК: Да.
АДВОКАТ: Колку од нив беа машки?
СВЕДОК: Ниедно.
АДВОКАТ: А имаше девојчиња?
СВЕДОК: Судијо, мислам дека ми треба друг адвокат. Може да добијам друг адвокат?

АДВОКАТ: Како беше завршен вашиот прв брак?
СВЕДОК: Поради смрт.
АДВОКАТ: Поради чија смрт заврши?
СВЕДОК: Што мислите вие, поради чија?

АДВОКАТ: Можете ли да ја опишете личноста?
СВЕДОК: Имаше среден раст и брада.
АДВОКАТ: А, беше машко или женско?
СВЕДОК: Погодете.

АДВОКАТ: Докторе, колку од вашите аутопсии се извршени над мртовци?
СВЕДОК: Сите. Да не сакате да преформулирате?

АДВОКАТ: Сите ваши одговори МОРААТ да бидат орални. Добро? Во кое училиште учевте?
СВЕДОК: Орални.

АДВОКАТ: Се сеќавате во кое време започна аутопсијата?
СВЕДОК: Отприлика 8 и пол часот навечер.
АДВОКАТ: Господин Дентон беше веќе мртов?
СВЕДОК: Не, седеше на масата и се прашуваше зошто извршувам аутопсија врз него!

АДВОКАТ: Дали сте квалификуван да дадете примерок од урина?
СВЕДОК: Дали сте квалификуван да го поставите тоа прашање?

АДВОКАТ: Докторе, пред да ја започнете аутопсијата, дали го проверивте пулсот?
СВЕДОК: Не.
АДВОКАТ: Дали го измеривте крвниот притисок?
СВЕДОК: Не.
АДВОКАТ: Дали проверивте дали тој дише?
СВЕДОК: Не.
АДВОКАТ: Значи, возможно е пациентот да бил жив кога сте ја започнале аутопсијата?
СВЕДОК: Не.
АДВОКАТ: Како може да сте толку сигурен, докторе?
СВЕДОК: Неговиот мозок беше собран во тегла и стоеше на моето биро.
АДВОКАТ: Сфаќам, но дали е можно пациентот сепак да бил жив?
СВЕДОК: Да, можно е да беше жив и да работеше како адвокат.

- Реклама -