Пијан возач: Не возев јас туку кучето

Возачите често смислуваат неверојатни изговори со цел да се оправдаат пред полицијата кога ќе ги сопре поради непрописно возење, но објаснувањето на Американецот Релифорд Купер ја преминува секоја фантазија.

kuche

Имено, овој 26 годишен млад човек од Флорида, кого полицијата го привела поради повеќеслојни сообраќајни прекршоци, рече дека зад воланот седело неговото куче.

Возејќи под влијание на марихуана и алкохол, Купер своето „пријатно“ возење го завршил со удар во фасадата од една куќа.

Сакајќи да побегне од полицијата, се сокрил во најблиската црква, од која верниците набрзо го исфрлиле.

Откако бил уапсен, пијаниот возач сета вина ја префлил на своето куче. Интересно е што кога полицијата го фатила Купер не видела куче, па мистерија е дали тоа навистина постои.

Како што пренесуваат американските медиуми, Купер во текот на сослушувањето во полициската станица тврдел дека неговото куче било зад воланот и дека излегло од автомобилот кога возилото удрило во фасадата.

- Реклама -