20 починати и 515 новозаразени од 1.293 тестирани, вкупниот број во државата надмина 40 илјади

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-207
Куманово-33
Штип-33
Прилеп-25
Тетово-17
Велес-21
Битола-22
Охрид-3
Кавадарци-16
Гостивар-16
Струмица-17
Крива Паланка-8
Радовиш-7
Крушево-1
Кочани-21
Пробиштип-7
Демир Хисар-3
Пехчево-2
Берово-10
Виница-2
Делчево-11
Кратово-1
Свети Николе-2
Кичево-18
Неготино-12

Починати се 20 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти од: Скопје-508, Куманово-41, Дебар-9, Штип-50, Прилеп-80, Тетово-69, Струга-17, Велес-60, Битола-28, Охрид-37, Кавадарци-43, Гостивар-31, Гевгелија-19, Струмица-41, Крива Паланка-42, Радовиш-7, Кочани-30, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-1, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-24, Ресен-4, Неготино-7.

Досега во земјата се направени вкупно 272.892 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.

- Реклама -