Home УмниБус Патувања 20 пештери кои изгледаат нереално

20 пештери кои изгледаат нереално

0
20 пештери кои изгледаат нереално

Потребна е голема храброст и авантуристички дух за да се влезе во мрачната внатрешност на џиновските пештери. Лилјаци, масивни сталактити и сталагмити и тони неизвесност. Меѓутоа, и покрај целата мистичност и таинственост, пештерите се посебен свет кој е секогаш забавен да се истражи. Наредните 20 пештери ќе ве освојат со својата уникатност и убавина.

1. CUEVA DE LOS CRISTALES, МЕКСИКО

cueva-de-los-cristales-de-naica

Откриена во 2001 година од страна на двајца браќа, оваа пештера е полна со кристали од кои некои се стари и до 600.000 години.

2. WAITOMO GLOWWORM CAVE, НОВ ЗЕЛАНД

o-GLOW-WORMS-facebook
Формирана пред околу 30 милиони години, оваа пештера е брилијантен пример за биолуминисцентноста на земјата. Илјадници светулки ја красат внетрешноста на оваа прекрасна пештера во Нов Зеланд.

3. GROTTO AZZURRA, ИТАЛИЈА

4V1C5718
Доколку некогаш се наоѓате во близина на Капри (Италија), тогаш задолжително е да ја посетите сината пештера. Некогаш жителите сметале дека тоа е збиралиште на ѓаволи и сирени, поради блескавата сина вода.

4. VATNAJÖKULL GLACIER CAVE, ИСЛАНД

25B25C1600000578-2954425-The_incredible_ice_caves_inside_Iceland_s_Vatnajokull_glacier_as-a-1_1424277715134
Формирана целосно од мраз, оваа пештера е најдобра за посета во време на зимските или есенските денови. Многу од нив имаат силна светло сина боја, што е честа појава кога се глечерите во прашање. Би имале ли вие храброст да влезете во пештера која се топи?

5. PHRAYA NAKHON CAVE, ТАЈЛАНД

XTvliT3NYqI
Во националниот парк Khao Sam Roi Yot лежи оваа прекрасна пештера со неверојатна историја зад себе. Сончевите зраци продираат во внатрешноста, осветлувајќи го Kuha Karuhas павиљонот кој бил оригинално изграден во 1890 година за кралот Chulalongkorn.

6. MARBLE CAVES, ЧИЛЕ

Marble-Caverns-of-Carrera-LakeChile
Многумина ја нарекуваат оваа пештера најневеројатна во светот. Светлосината блескава вода и нејзините бранови се делумно виновни за уникатните контури на белите карпи со кои е опколена.

7. ПЕШТЕРАТА ВО ВУЛКАНОТ МУТНОВСКИ, РУСИЈА

Mind-Blowing-Caves-4
Звучи лудо помислата дека ледена пештера може да се формира во внатрешноста на вулкан, меѓутоа токму ваков феномен се наоѓа во Русија.

8. DONGZHONG, КИНА

Dongzhong-Cave-School-China-www.pinterest.com_
Пештерата стара илјадници години, денес претставува училница за 186 ученици и осум наставници. Имено, во 1984 година, Кинезите решиле на оваа навидум обична пештера да и дадат едукативна намена

9. FINGAL, ШКОТСКА

tumblr_mlet38LIJb1qahceco1_1280
Оваа пештера се наоѓа на островот Стафа, а нејзината внатрешност изгледа како да е рачно изрезбано дело на некој врвен уметник. Меѓутоа, геометриските структури се дело на природата односно на топлата лава која низ годините се оладила и напукнала во форма на шестоаголник.

10. REED FLUTE, КИНА

325
Пештерата Reed Flute претставува популарна дестинација во изминатите стотици години, а според цртежите пронајдени во неа, датира од 792 година п.н.е.

11. ELLISON’S CAVE, САД

Fantastic-Pit-is-located-in-Ellisons-Cave-just-east-of-LaFayette-GA
Северниот дел на Џорџија е дом на пештерата Елисон, која е длабока речиси 180 метри. Со ова, таа претставува најдлабоката пештера во Соединетите Американски Држави.

12. KYAUT SAE CAVE, МАЈНМАР

Kyaut-Sae-Cave-Myanmar
Според легендата, Kyaut Sae пештерата во 13 век била користена од страна на локалното население за да се сокрие од Монголците. Сега, таа има друга посебна намена. Претставува прекрасен будистички храм и место каде монасите медитираат.

13. SON DOONG, ВИЕТНАМ

V
Ова е најголемата пештера во светот. Пронајдена од локален жител во 1991 година, таа е широка повеќе од 200 метри, висока околу 160.

14. EISRIESENWELT ICE, АВСТРИЈА

werfen-ice-caves-tour-from-salzburg-in-salzburg-141736
Најголемите ледени пештери биле откриени во доцниот 19 век, што е релативно доцна со оглед на тоа колку воодушевувачки изгледаат. Патот низ целиот лавиринт изнесува околу 40 километри, и е проследен со најразлични ледени структури.

15. ORDINSKAYA, РУСИЈА

Ordinskaya-Cave-750x499
Оваа пештера е совршена за љубопитните и искусни нуркачи. Нејзините подводни простории се протегаат на површина од 4 километри, а водата е толку чиста што јасноста на патот ниту малку не е застрашувачка.

16. CARLSBAD CAVERNS, САД

USA_carlsbad_caverns1_NM
Лоциран во Ново Мексико, националниот парк Carlsbad Caverns е дом на бројни импресивни пештери, креирани пред 4-6 милиони години.

17. BARTON CREEK, БЕЛИЗЕ

barton-creek-cave
Кога прво ќе влезете во оваа пештера, можеби нема да најдете ништо посебно, се додека не ги забележите скелетите. Оваа пештера Маите ја користеле за погребни церемонии.

18. JEITA GROTTO, ЛИБАН

GrottoHR
Доколку некогаш имате прилика да ја посетите оваа пештера, веднаш ќе сфатите зошто е толку посебна. Движењето на водата и воздухот ги преплавуваат вашите уши со необични звуци од прекрасно, длабоко ехо, кое со сигурност нема да ве остави рамнодушни.

19. CANGO, ЈУЖНА АФРИКА

Cango-Caves-South-Africa-9-XL
Во западниот дел на Јужна Африка, се наоѓаат овие драматични и колоритни пештери. Артефактите покажуваат дека влезовите на овие пештери претставувале дом на многу луѓе од средното и доцно камено доба, а денес овие канали претставуваат примамливи тури за љубопитните туристи.

20. AVEN ARMAND, ФРАНЦИЈА

292ad8db-215c-47a5-84e1-515fdbd3ac01
Доколку се осмелите да се симнете 400 метри под земјата, ќе наидете на најразлични видови сталактити и сталагмити кои пленат со својата необичност. Доколку сте љубители на природата, а се наоѓате во Франција, дадете и предност на оваа пештера, па потоа продолжете го патот кон Ајфеловата кула.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here