Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Новозаразените се од:
• Куманово – 5
• Скопје и Битола – по 4
• Тетово – 3
• Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.
Пријавени се 2 починати лица: од Скопје (63г и 78г).
Регистрирани се 30 оздравени пациент од:
• Скопје – 21
• Куманово, Прилеп и Виница – по 2
• Кочани, Гевгелија и Берово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.
Вакцинацијата и натаму се одвива непречено на сите пунктови низ државата, велат од Министерството. Според нивните податоци, досега се аплицирани вкупно 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.
Во текот на вчерашниот ден, вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани, од кои прва доза примиле 1.450.
Со последните бројки, барем една доза примиле 48% од населението над 70 години, 42% од населението над 65 години, односно 35% од населението над 60 години.
На веб платформата vakcinacija.mk, досега се пријавиле 447.543 граѓани.