20 нешта што вреди да се знаат за спермата

Интересни факти за подобро запознавање на машкото тело.

1. Сперматозоиди и сперма не се едно и исто

Спермата се половите клетки кои изгледаат како лажички. Тие пливаат во семената течност. Заедно двете ја формираат спермата – нешто како оклопен резервоар со кој се придвижува суперхерој-оплодител. Или кажано на друг начин, ракетите со термичко насочување.

2. Семената течност е најважниот бранител на сперматозоидите

Таа им помага да ја извршат “биолошката мисија”, со тоа што ги испорачува до женското тело. Семената течност е алкална и на тој начин ја намалува киселоста на која е изложена спермата во вагината. И – можеби најважно – тоа им дава енергијата (во форма на фруктоза), која е неопходна за интензивното пливање.

3. Семето се формира во три различни делови на машкото тело, не само во тестисите

Првиот е простатата, која одвојува млечнобела супстанца, полна со ензими, протеини и минерали. Вториот се семените меурчиња кои произведуваат фруктоза и две третини од семената течност. Третиот се тестисите, во кои се формираат сперматозоидите и уште малку течност.

4. Спермата е единствената човечка клетка, која се произведува во еден организам, но е создадена да преживее во друг

Тоа е неверојатно, размислете само! Човечкото тело е изградено така што да ги напаѓа туѓите клетки. Спермата сепак се справува со оваа препрека и се впушта на патување во непознатото.

5. Мажите произведуваат огромна количина на сперматозоиди

Според истражувањата – околу 150 милиони сперматозоиди дневно. Односно, неколку илјади на секои 2-3 секунди.

6. Повеќето од сперматозоидите се бескорисни

Во случајот количината е пред квалитетот. Само околу половина сперматозоиди можат да пливаат, а од нив 70-90% немаат идеална форма за пливање – со две глави, со две опашки, со големи глави, мали глави,  кратки опашки … неред.

7. Спермата е заштитена од имунолошкиот систем

Спермата почнува да се произведува дури во пубертет. Дотогаш имунолошкиот систем веќе одредил кои клетки се дел од машкото тело и кои треба да бидат нападнати како туѓи. Тоа значи дека спермата ќе се доживеат како натрапници. Поради оваа причина, тестисите се одделени и заштитени на неколку начини од остатокот на телото.

8. Веднаш по ејакулацијата спермата е гел. Потоа се претвора во течност

Оваа промена се должи на ензимот наречен простата специфичен антиген или PSA. Се смета дека гелот е помалку подложен на гравитацијата и поради оваа прчина може да се задржи во вагината подолго. Затоа лекарите чекаат 20 минути пред да ја истражуваат спермата под микроскоп, додека целосно стане течна.

9. Семето содржи главно вода

Спермата претставува само 1% од неа. Постојат, се разбира, и еден куп корисни работи како калциум, фруктоза, ензими и минерали.

10. Количеството сперма при ејакулација е околу една лажичка

Кажано со други зборови – меѓу 1,5 и 5 мл.

0196740001434629807_0

11. Семето содржи протеин. Исто како жолчки од јајце

Овој протеин се нарекува албумин и се содржи во повеќето течности на човечкото тело.

12. Семето е нискокалорично – околу 10 калории на лажичка

Ништо чудно, со оглед на тоа што во најголем дек е вода.

13. Семето не е особено хранливо

Не дозволувајте некој да ја користи корисноста на спермата како аргумент да правите нешто што не го сакате. Всушност, хранливата вредност на спермата е колку на неколку инсекти.

14. Не можете да се заразите од грип преку сперма, но можете да добиете некои болести преносливи по сексуален пат

Семето не пренесува грип. Ова сепак не значи дека другите секрети кои се разменуваат за време на сексуален однос, не го прават тоа. Сепак, не заборавајте дека преку спермата можете да се заразите со куп венерични болести.

15. Секретот, кој се одвојува пред ејакулација, не содржи сперматозоиди

Можеби се грижите дека секретот, кој некои мажи го одделуваат пред оргазам може да предизвика забременување. Тоа не е така. Тој доаѓа од т.н. Кауперови жлезди и служи како лубрикант за да се олесни движењето на сперматозоидите кај ејакулацијата. Но ако мажот веќе ејакулирал еднаш, во секретите може да има остатоци сперматозоиди, па затоа бидете внимателни.

16. Храната и пијалоците можат да влијаат на квалитетот на спермата

На прво место, вкупната хидратација на организмот влијае врз количеството и вискозноста на ејакулацијата. Постојат тврдења дека исхраната (на пример сок од ананас) може да го промени вкусот на спермата, но тие не се научно докажани.

17. Нема научни докази дека одредени адитиви можат да ја зголемат количината на спермата

Количеството може да варира малку во зависност од хидратацијата и долготрајната апстиненција, но тоа не може да се каже за други методи и додатоци во исхраната.

18. По вазектомијата количината на ејакулација останува речиси непроменета

Вазектомијата е операција за прекин на семепроводите, па сперматозоидите, условно кажано, не можат да се сретнат со остатокот од “екипата”, која доаѓа од другите органи. По операцијата количината може да се намали 5-10%, но тоа е речиси незабележливо.

19. Нема веродостоен начин да се провери плодноста на спермата без помош на лекар

Се разбира, ако жената забремени, тоа значи дека спермата е здрава и фертилна. Но медицинските истражувања се оние кои покажуваат како работи подвижноста и количината на сперматозоиди во спермата.

20. Поголемото количество сперма не значи повисоко ниво на фертилност

Нема врска помеѓу количината на ејакулација  и способноста за оплодување. Желбата за исфрлање на повеќе сперма е последица од порно филмовите.

- Реклама -