Можеби никогаш при гледањето на хорор не помислуваме дека и тие, како и многу други филмови, се базирани врз вистинска приказна. Погледнете ја листава и ќе се зачудите кои се хорор филмови се такви. Едноставно, живееме во чуден свет!
Можеби никогаш при гледањето на хорор не помислуваме дека и тие, како и многу други филмови, се базирани врз вистинска приказна. Погледнете ја листава и ќе се зачудите кои се хорор филмови се такви. Едноставно, живееме во чуден свет!
(листа на првите 10)
Psycho (1960)
Филмската приказна: Норман Бејтс е психолошки пореметен сопственик на хотел, кој го чува трупот на својата мртва мајка на таванот и сака да ги убие своите гости. Тој развива двојна личност и се облекува како неа кога ги извршува убиствата.
Вистинската приказна: Ликот Норман Бејтс е инспириран од Ед Геин, човек кој е уапсен во 1957 за извршување две убиства и копање на гробови од жени кои го потсетувале на неговата мртва мајка. Тој ја кинел нивната кожа обидувајќи се да направи „женски костум“ во кој би се облекувал, надевајќи се дека ќе стане жена. Прогласен е за луд и остатокот од неговиот живот го поминал во ментална институција.
The Exorcist (1973)
Филмската приказна: Свештеници се обидуваат да го истераат ѓаволот од 12 годишно девојче кое живее во Џорџтаун, Вашингтон.
Вистинската приказна: William Peter Blatty, сценарист и автор на новелата „The Exorcist“, бил инспириран од статија која ја прочитал во колеџ во Џорџтаун – за егзорцизам кој бил извршен на 13 годишно момче во Мериленд во 1949. Деталите околу тоа биле „заматени“ во текот на годините, најверојатно за да се заштити семејството. Но има докази дека однесувањето на момчето ни одблизу не било така лошо или натприродно како што е прикажано во филмот.
The Texas Chainsaw Massacre (1974)
Филмската приказна: Група на млади луѓе кои патуваат низ Тексас се плен на семејство од канибали, вклучувајќи го „Кожено лице“, кој носи маска направена од кожата на своите жртви.
Вистинската приказна: Повторно Ед Гејн (видете кај „Psycho“) бил инспирација, како и за овој, така и за филмовите „Deranged“ и до некаде за „The Silence of the Lambs“
Jaws (1975)
Филмската приказна: 25 стапки долга ајкула го тероризира населението на Amity Island, напагајќи ги пливачите и чамците неколку дена во текот на летото.
Вистинската приказна: Сценаристот и новелистот Питер Бенчли бил инспириран од серија на напади од ајкула во Њу Џерси во 1916. За 12 дена,л во Јули таа година, 5 луѓе биле нападнати, од кои четворица умреле. 7 стапки долга ајкула била убиена на 14 Јули и во стомакот имала човечки остатоци. До денешен ден се дебатира за тоа дали ајкулата била виновна за смртта на луѓето, но немало понатамошни жртви откако таа била убиена.
Audrey Rose (1977)
Филмската приказна: Младата ќерка на еден пар се однесува лошо и необично, присилувајќи ги да земат во предвид дека душата на друга девојка, Audrey Rose, ја има опседнато.
Вистинската приказна: Frank De Felitta бил инспириран да ја напише новелата – а подоцна и филмското сценарио – откако го чул својот 6 годишен син Рејмонд, кој никогаш не земал часови по пијано, како свири совршено на семејното пијано. De Felitta кога барал одговор за тоа од други луѓе, му рекле дека момчето живеело неколку животи. Оваа случка го натерала авторот да верува во реинкарнација.
The Hills Have Eyes (1977)
Филмската приказна: Семејство кое се вози во приколка низ јужноисточна пустина, сакајќи да оди по пократок пат, станува жртва на насилни канибали кои живеат во пештери на врвовите.
Вистинската приказна: Филмот е инспириран од легендата за Alexander "Sawney" Bean, Шкотлаѓанец во 15 или 16 век кој водел клан од 40 луѓе кои убиле и изеле преку 1.000 луѓе, живејќи во пештери 25 години пред да бидат фатени и осудени на смрт. Неговиот живот бил инспирација за многу филмски приказни, вклучувајќи ги The Hills Have Eyes и Британскиот филм Raw Meat, но историчарите денеска не веруваат дека Bean некогаш постоел.
The Amityville Horror (1979)
Филмската приказна: Семејството Lutz се сели во нова куќа, на која имало масовно убиство годината пред тоа. Тие се сведоци на многу паранормални настани кои ги излудуваат и се селат од куќата за само 28 дена.
Вистинската приказна: Можеби најпознатиот филм базиран на вистинска приказна, филмот е базиран на не – фиктивна книга опишувајќи што George и Kathy Lutz доживеале тие 4 недели во куќата, вклучувајќи гласови, ладни точки, демонски појавувања, крстови свртени наопаку и зидови со крвава насмевка. Речиси сите, ако не и сите настани во книгата и филмот се испитани од истражители и се верува дека целиот инцидент бил измама.
The Entity (1981)
Филмската приказна: Carla Moran, самохрана мајка на три деца, опседната е со натприродно битие кое ја повредува и силува постојано. Таа добива помош од луѓе кои се занимаваат со натприродното, кои го документираат сето тоа и се обидуваат да го заробат духот.
Вистинската приказна: Во 1974, истражителите за паранормалното Kerry Gaynor и Barry Taff го истражувале случајот на жена која верувала дека се вика Doris Bither. Bither живеела во Калифорнија и изјавила дека е опседната со дух кој ја напаѓа физички и сексуално. Gaynor и Taff биле сведоци на предмети кои се движеле во нејзината куќа, фотографирале лебдечки светла и други необични работи, но никогаш не виделе како жената е нападната. Gaynor изјавил дека нападите престанале кога Moran се преселила.
Dead Ringers (1988)
Филмската приказна: Двајца гинеколози близнаци, Beverly и Elliot Mantle имаат навика да делат иста жена. Но, Beverly, кој е посензитивен, се вљубува во нивниот последен плен, но кога таа ја открива нејзината шема го тера Beverly да зема дрога и го повлекува брат му со него.
Вистинската приказна: На 19 јули, 1975, телата на двајца 45 годишни близнаци гинеколози – Stewart и Cyril Marcus биле пронајдени во нивниот стан. Починле од предозирање но не се знае што предизвикало да дојде до тоа.
Gothic (1986)
Филската приказна: Во 1816, поетот Лорд Бајрон, го поканува неговиот пријател поет Перси Шенли и неговата идна жена Мари, заедно со полусестрата на Мари и неговиот доктор, Џон Полдиори, во неговата вила во Швајцарија. Тие кажуваат страшни приказни и дживуваат појавувања на духови како резултат на нивните стравови.
Вистинската приказна: Во дождливото лето 1816, Перси Шели и Мери Голдвин ја посетиле вилата на Лорд Бајрон во Швајцарија. Поради дождот, тие сите останале внатре и разговарале за мртви материи и читале германски приказни со духови. Бајтон предложил сите да напишат натприродна приказна и Голдвин ја измислила „Frankenstein“, додека пак Бајрон напишал нешто што подоцна ќе биде адаптирано од Полдиори како „The Vampyre“.