Неутрализирајте ги непријатните мириси во домот со варен оцет

Ако некој непосакуван мирис го преплави вашиот дом, било да е тоа некоја непријатна арома или наследство од манџата што сте ја готвеле вчера, нема потреба да купувате скапи освежувачи или да проветрувате со часови (и да го оладите домот).

IMG_4606Можеби ви е познато дека оставањето на отворен сад со оцет може да помогне, но сега ќе зборуваме за најефикасната варијанта на истиот. Имено, сипете еден филџан бел оцет во тенџере и ставете го да се вари на тивко. „Крчкањето“ ослободува максимум моќ во борбата против мирисот во воздухот, а ако го оставите да се вари малку подолго, оцетот ќе го деодоризира целиот дом. Можеби на почетокот малку и ќе ви замириса на оцет, ама за многу кратко време ќе се изгуби и неговиот, но и било кој друг мирис што претходно одбивал да си замине.

Како работи? Оцетот е 90% вода и околу 5-10% оцетна киселина. Киселината во оцетот е силна доволно за да влијае и да ги сузбие органските молекули во воздухот (од кои и доаѓа несаканиот мирис), а од друга страна доволно слаба за да не може да му наштети на човековиот организам.

- Реклама -