Пушењето го попречува развојот на фетусот

Француските научници од една клиника за ин-витро оплодување дошле до заклучок дека развојот на фетусот е значително успорен кај мајките кои пушат.

Бидејќи работат на инвитро оплодување, овие научници можеле многу добро да го забележуваат растењето и развивањето на плодот, од неговото зачнување па сè до раѓањето.

Кај мајките пушачи плодовите забележително заостанувале во растот и развојот. Научниците забележале дека ембрионите кај непушачите достигнуваат петоклеточен стадиум за 49 часа, додека кај пушачите за 50 часа, при што разликата и поврзаноста се очигледни. Уште покарактеристично е следењето на шетклеточниот стадиум кај ембрионот, кој кај непушач се случува за 62 часа, додека кај пушач за 58.

Научниците категорично ги советуваат сите идни мајки да престанат со пушењето, особено доколку треба да изведат инвитро фертилизација бидејќи очигледно е дека развојот на фетусот е значително успорен.

Пушењето освен што го намалува развојот на детето, ја намалува и способноста за оплодување. Затоа, доколку сакате да добиете дете, а притоа истото да е здраво, престанете со пушењето – предупредува шефот на истражувањето д-р Нентес.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -