Гоца Тржан: Се утепав од плачење на првата брачна ноќ

Постои правило дека младенците после свадбата ги бројат парие кои ги добиле на свадбата, но ние за тоа немавме време, раскажува пејачката.

Гоца Тржан и нејзиниот четиринаесет години помлад сопруг Раша Новаковиќ, кои се заколнаа на вечна љубов во неделата, првата брачна ноќ ја минале во вилата во која ја организираа свадбената веселба.

Гоца за српските медиуми ја раскажа првата брачна ноќ.

„Се помина прекрасно, многу бевме задоволни од венчавката. Раша и јас не успеавме да заспиеме до четири часот утрото, така што буквално не ја ни имавме првата брачна ноќ“, раскажува пејачката.

„ Постои правило дека младенците после свадбата ги бројат парие кои ги добиле на свадбата, но ние за тоа немавме време. Буквално плачевме од среќа и возбуда. Дури следните денови ќе ги собираме впечатоците. Патуваме за Токио. Тоа ќе биде нашето свадбено патување“, вели Гоца.

- Реклама -