Мал, ама револуционерен и ефективен редизајн на обичниот чадор

Кој си носи чадорче, не наврнува, ама многу е веројатно да си ги наводени чевлите и подот кога ќе го затвори чадорот. Не и ако носите „KAZbrella“.

kazim

Џенан Казим е инженер со една многу корисна маана – кога и да види нешто што не чини во овој или оној дизајн, тој настојува да го поправи. Па така, по прилично долгото постоење на чадорот каков што го знаеме, доаѓаме до веројатно најдобриот редизајн до денешен ден, редизајн кој навидум и не менува многу, но од аспект на концептот на работа, и метафорички и буквално ќе ги преврти работите наопаку.

Имено, KAZbrella (доаѓа од „Казим“ и umbrella: на англ. „чадор“) работи речиси идентично како и стандардниот, со тоа што кога го собирате се затвора нагоре, наместо надоле. Тоа значи дека: не капе наоколу кога ќе го соберете, можете да влезете/излезете во/од кола без да наврнете, можете да го отворите и во гужва, без да истерате нечие око.

БОНУС: Ветерот решил да ви го претвори чадорот во сателитска чинија? Има копче за тоа.

- Реклама -