Ѓоковиќ е главен во Њујорк

Ѓоковиќ ја освои втората круна на УС Опен, а воедно и јубилејната 10та на сите Гренд слем турнири. Финалниот меч беше одложен поради дожд, па почна три часа подоцна.

Во еден прилично неизвесен меч во кој двајцата тенисери покажаа одлична игра, на крајот Ѓоковиќ триумфираше со 3-1 во сетови, и тоа 6-4 5-7 6-4 6-4. Гледавме меч полн со возбудувања, посебно во првата половина кога 34 годишниот Швајцарец фрли буквално сé на картата на нападот.

Овие двајца тенисери го одиграа нивното 16то финале на АТП турнирите.

Ова е негова 10та Гренд слем круна. Наредниот ГС турнир се игра во Австралија, а таму Новак веќе пет пати го има кренато пехарот.

- Реклама -