Home Технологија Наука Месечината е отровна!

Месечината е отровна!

0

Според некои нови податоци, Месечината би можела да биде отровна за луѓето. Атмосферата на Месечината никогаш не ни била прифатлива за луѓето но сега изгледа како почвата на Месечината да е отровна.

Меѓународен тим од истражувачи ги проучувале опасностите по здравјето на луѓето со цел да ја проценат можноста за долг престој на Месечината. Засега, единствените посети на луѓето на нашиот природен сателит беа куси. Дури и тогаш месечевиот прав претставувал опасност по здравјето како што било забележано за време на Аполо мисиите.

Очигледно Месечината може да предизвика оштетување при вдишување (што е очигледно), но може да предизвика оштетување на кожата и очите. Ако биде вдишан месечевиот прав може да предизвика серија проблеми.

Прво, и покрај микроскопските димензии правта е доста остра и може да ги оштети дишните патишта, белите дробови па дури и крвните садови, а дури може да го зголеми и ризикот од рак.

Истата причина – острината – би можела да предизвика и сериозно оштетување на кожата. Според директорот на Институтот за Планетарни Геонауки од Универзитетот од Тенеси рекол дека првта донесена од Месечината била „толку абразивна што оштетила три слоја материјал сличен на Кевлар на чизмите на Џек Шмит“.

И нормално може да дојде и до оштетување на очите. Поради микрогравитацијата правта лебди наоколу. Отсуството на очни лекари на Месечината би значело дека оштетено око би бил сериозен проблем. Овие проблеми можат да бидат надминати но непријатна е мислата дека нашата прекрасна месечина е вистински убиец. [The Moon is toxic!]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here