Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.
Новозаразените се од:
• Скопје – 7
• Куманово – 4
• Крива Паланка – 3
• Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1.
Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80г) и Куманово (73г).
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:
• Скопје – 6
• Куманово -5
• Тетово – 2
• Кичево – 1.
Досега во земјата се направени вкупно 848.334 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416.
Според Министерството за здравство, досега во Македонија се аплицирани 473.853 дози вакцини. Ревакцинирани се 199.143 граѓани.
Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале вкупно 7.720 граѓани, од кои прва доза примиле 5.834.
Со последните бројки, 50% од населението над 70 години, 45% од населението над 65, односно 38% од населението над 60 години, има примено барем една доза вакцина.
На веб платформата vakcinacija.mk, досега се пријавиле 454.104 граѓани.
Од Министерството за здравство информираа дека овие три дена ќе паузира вакцинацијата против ковид-19 во државата, вклучително и во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, поради продолжениот викенд. Истата ќе продолжи од понеделник.
Од Министерството додаваат дека наскоро очекуваат поголеми количини вакцини, но не прецизираат колку вакцини има во моментот во државата.