Шумахер се бори за живот

Михаел Шумахер води голема трка, овој пат со животот. Како што е познато тој се повреди при скијање на француските Алпи, а во моментов е во кома и е во тешка состојба. 

Само неколку дена пред неговиот 45-ти роденден, кој е на 3-ти јануари, Михаел Шумахер за време на скијање на француските Алпи паднал и ја удрил главата од карпа. Тој носел кацига која го спасила од моментална смрт, но и покрај тоа се наоѓа во кома и во тешка состојба.

Лекарите засега не можат да тврдат дека ќе се разбуди од кома и дека ќе биде подобро, но потенцираа дека нема да вршат нова операција бидејќи во моментов за такво нешто нема потреба. Тој има крварење во мозокот, неговата состојба постојано ја следи од тим на стручни лекари, а секако сите се надеваат дека легендардниот Шуми ќе ја добие и оваа битка.

- Реклама -