Ослабела 40 килограми со помош на секс

Најдебелата жена во светот сака да дојде до својата идеална тежина од „само“ 240 килограми со помош на секс, а истовремено тврди дека благодарение на сексуалните маратони успеала да ослабе цели 40 килограми.

Минатата година Паулин Потер влезе во Гинисовата книга на рекорди со своите неверојатни 291 килограми, како најдебелата жена во светот. Очигледо во минатите неколку месеци таа не можела повеќе да се справи со својата тежина, па одлучила да преземе нешто околу тоа и да ослабе на неконвенционален начин.

Имено, за брзо и ефикасно да ги симне несаканите килограми, Паулин одлучила да практикува маратонски секс. Како што пренесува Daily Mail, откако таа одново почнала да има сексуални односи со својот поранешен сопруг Алек, успеала да изгуби околу 40 килограми.

– Не можам баш многу да мрдам за време на чинот, но во една „сеанса“ губам околу 500 калории. Мислам дека тоа е добро и навистина сум задоволна со резултатите и напредокот што го направив – изјавила Потер.

Иако 47-годишната Паулин не се чувствува доволно добро во својата кожа за да си купи сексапилна долна облека, таа го обвиткува своето тело во пријатен чаршав за да постигне сличен ефект. Таа го запознала Алек во 2002 година на Интернет, а со него се венчала една година подоцна.

- Реклама -