Home Трачарка Трач Викторија Бекам купи супермаркет

Викторија Бекам купи супермаркет

0

Викторија Бекам купи супермаркет во Лондон кој планира да го претвори во бутик за облеката што сама ја дизајнира.
Поранешната членка на „Spice Girls“, Викторија Бекам денес е вистинска бизнисменка во светот на модата. Судејќи според нејзиниот најнов потег, Викторија сериозно планира да го покори модниот свет.

Таа купи супермаркет во Лондон кој планира да го претвори во продажно место за гардеробата што сама ја дизајнира.

„Веќе подолго време разгледуваше разни магацини и објекти. Просторот што го најде не е претерано гламурозен, но таа сигурно ќе го претвори во тоа“, изјавил неименуван извор за британскиот магазин „Mirror“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here