Цеца го послуша Вучиќ

Пејачката цел јули и август ќе го помине дома во својата земја, и покрај најавените високи температури.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека граѓаните кои ќе летуваат во својата земја може да сметаат на даночни олеснувања. На најголемата фолк ѕвезда Светлана- Цеца Ражнатовиќ не и се потребни олеснувања бидејќи нема да плати аранжмани во Србија, туку, како што дознаваат српските медиуми, летото ќе го помине во својот дом во Белград.

– Во следните два месеци нема да бидам во можност да одам на море и не се жалам, бидејќи Србија е преубава- вели Цеца.

Иако има куќа на Кипар, нема време да ја посети ова лето, барем не до септември.

– Имам многу концерти ова лето. На море, ако можам да одвојам десет дена, ќе одам дури во септември- вели пејачката.

За разлика од Цеца, нејзините деца се одмараат надвор од Србија. Вељко одмара во семејната вила на Кипар со неговиот чичко Милан Маринковиќ, додека Анастасија се релаксира во луксузното турско летувалиште Белек со дечкото Костадин, синот на Ѕвездан Терзиќ.

- Реклама -