Возило со ветерница може да се движи побрзо од ветар, спроти ветрот

Тимот кој докажал дека е возможно да се патува побрзо од ветрот кога тој ве турка, но сега тие докажале дека и движење во спротивната насока, спроти ветрот, е возможно.

Тие го модифицирале својот дизајн и постигнале брзина двапати повисока од брзината на ветрот кој им овозможил погон. Минатиот пат возилото Blackbird се движело со 2,86 пати поголема брзина од ветрот. На почетокот на овој месец Рик Каваларо и Blackbird тимот се соочиле со температури од 40 степени на аеродромот во Трејси, Калифорнија и достигнале брзина 2,01 пати поголема од ветрот спроти кој се движеле.

Ова е импресивен подвиг кој не е опкружен со контроверзноста на нивниот прв обид. Идејата за патување побрзо од ветрот кој ве турка е тема на голем број страствени дебати на интернетот и помеѓу физичарите, но движењето спроти ветрот не е провокативно. Во Холандија веќе постои тркачка серија посветена на едрење по копно спроти ветрот.

„За некои луѓе идејата дека воопшто може да се тргне спроти ветрот е нелогична“ вели Каваларо, аеродинамичар и параглајдерист. Принципот зад модифицираниот Blackbird би му бил познат на секој со основно познавање од едрење, само што Blackbird се движи подобро по писти и пресушени реки. Возилото користи две големи „едра“ – перки на пропелер – кои се вртат околу заедничка оска и се движат спроти ветрот со секоја ротација.

„Оваа комбинација на движење спроти ветрот и странично од ветрот е идентична со едрата на едреник кој се движи под агол спроти ветрот.“ додал Каваларо. „Додека едреникот има кобилица за да ја зачува насоката на која ќе се движи бродот ние имаме пренос и тркала кои ја вршат истата работа.“

Каваларо ги направил повеќето модификации лично. Тој го променил аголот на пропелерот. За движење со ветрот тркалата го префрлале своето движење врз пропелерот, овој пат пропелерот ги движел тркалата. Другата промена била наметната од уникатниот дизајн – за да се справи со вртежниот момент кој би можел да го преврти возилото едното задно тркало е на подолга оска од другото.

По овие два успеси Каваларо со нетрпение чека напредоци од други ентузијасти. Тој рекол: „Би сакал да видам двата наши рекорди да бидат скршени – редовно.“

- Реклама -