Татко ми е Хрват, мајка ми е Србинка, жената ми е муслиманка: Во кого тогаш да пукам?

Познатиот музичар Горан Бреговиќ проговори за одлуката на еден фестивал во Полска да му го откажат настапот поради гостување во Крим, и се осврна на војната во поранешна Југославија.
Поранешниот лидер на групата „Бјело дугме“ нагласува:

– Мојата музика не ѝ служеше на политиката во времето кога тоа беше најтешко да се избегне, а камо ли денес. Ја сакам и Украина и Русија. Пристигнав во Украина на концерт кога победи портокаловата револуција, токму на тој ист плоштад Мајдан. Жал ми е, бидејќи ми беше мило да бидам амбасадор на тој фестивал. Минатата година тоа беше Стинг, претходната Ерик Клептон.

Бреговиќ додал:

– Како и во нашата војна, во кого да пукам? Мојот татко е од Загорје. Католик, Хрват. Мојата мајка е Србинка од Вировитица. Мојата жена е муслиманка. Во кого да ја насочам пушката? Така е и во таа војна. Немам зошто да ја мразам ни Украина ни Русија, тоа е невозможно за мене.

- Реклама -