Тијана доживеа драма на „Евровизија“

Тијана Дапчевиќ доживеала сериозен шок кога нејзиниот лифт се заглавил и била заробена во него еден час.

Иако никогаш немала страв од затворен простор, нашата претставничка на овогодинешната „Евровизија“
Тијана во тој момент била со својата сестра Тамара и девоките кои се придружни вокали, а вистинската драма следела кога лифтот почнал да се тресе. Тогаш сите почнале во паника да тропаат по вратата.

– Тијана со девојките ја напушти хотелската соба и се упатија кон лифтот бидејќи се брзаа за генералната проба. Кога влегоа, одеднаш лифтот застана меѓу катови. Во првиот момент тие не се исплашија, но кога слетлото само почлано да се пали и гаси и кога лифтот застанал, ги фатила страшна паника- изјавува извор кој е дел од тимот на Тијана во Данска и додава дека оваа несекојдневна драма траела еден час бидејќи домаќините веднаш реагирале, сепак, за Тијана и девојките ова време траело цела вечност.

Bez obzira na sve, ona i njen tim  jedva čekaju  nastup

Веруваме дека овој вознемирувачки настан нема да има влијание врз изведбата на песната „To the sky“ која Тијана ја пее вечерва, и дека како Сергеј Цетковиќ ќе влезе во финале како единствени претставници од Балканот. Кога од Тијана било побарано да коментира на оваа ситуација, таа кратко одговорила:

– Сега ми е смешно, но тогаш плачев од страв. Било, поминало. Бидете со мене вечерва!

- Реклама -