Новак Ѓоковиќ: Тенисот повеќе нема да биде на прво место

Новак Ѓоковиќ изјави дека не може да дочека да стане татко, да менува пелени и дека тенисот повеќе нема да му биде на прво место.
– Едвај чекам и јас да поминам низ тие работи. Нема да ми смета дури и да останам буден цела ноќ. Гледам на тоа од позитивната страна, ќе бидам нормално уморен, но ќе ми даде нова енергија- рекол Ѓоковиќ за италијанските медиуми.

Тенисерот истакна дека со доаѓањето на бебето ќе започне ново подглавје во својот живот.

– Мојата Јелена ми го даде првиот израз, „Бебето е извор на радоста“. Со детето ќе почнам едно ново подглавје во мојот живот. Многу сум среќен, иако вечат дека тек ќе разбереме кога бебето ќе ппчне да „клоца“ во стомакот. Можеби ќе се обиде да удри бекхенд, ќе видиме, вели Новак.

- Реклама -