Тијана замина за Копенхаген: Евровизија во боите на „Партизан“

Тијана Дапчевиќ заедно со својот тим замина за Копенхаген, Данска каде ќе ја претставува нашата земја на Евровизија.

Таа вети дека веднаш по пристигнувањето ќе се напие пиво со Сергеј Четковиќ, претставникот на Црна Гора.

Кога ќе пристигнам во Данска, прво што ќе направам е да испијам пиво со колегата Сергеј, изјави  Тијана на телевизијата Б92.

Таа изјави дека веќе има подготвено како ќе изгледа  сцената и ќе ја обои истата во боите на  фудбалскиот клуб Партизан, во црно бела комбинација.

Би била горда да ја претставувам и Србија на Евросонг. Македонија е мојата прва татковина, но Србија ми е втор дом – истакна пејачката во емисијата.

- Реклама -