Кога Станија „соли“ памет

Се повеќе популарната старлета без професија, стана писател. Ниту повеќе ниту помалку од автор на колумна, за еден неделен магазин. Вo неа, освен што се фали сама себе во секоја реченица, просторот во магазинот го користи и за морализирање. Односно, лажно морализирање… или така некако.

Од нејзиното набљудување на луѓето во кафулињата во кои седи и пие кафе, со посебен акцент на лап-топот кој го држи во скут, и во стилот на Кери Бредшо од легендарната серија „Сексот и градот“, Станија ги изнесува своите ставови. Животни. Како е во Америја, како е во Србија. Додека во една реченица вели: „Многу ја сакам својата земја и нејзиниот менталитет“, додека во останати десетина истакнува дека во владата владее лажен морал, поради што засекогаш би се отселила од земјата.

Славејќи се себеси и издигнувајќи се над дргите, се разбира, на жените во Србија им дели потполно бесплатни совети како да „останат свои“. Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Станија за порталот Стар, во која можете да ја прочитате во целост.

– Коментарите за секоја успешна и убава девојка, жена, се : КУ*Ва! Или „ма ова е се за пари“. Како да не! Успехот не се простува! Ако си само убава и згодна, оние грдите и дебелите ќе напишат за тебе дека си ку*ва! Ако имаш дечко и ја експонираш јавно врската… прво ќе се потрудат да ти наштетат или те плукаат оние недо*бани, што сексот им е мисловна именка, а да не збориме за страсна љубов и водење љубоц… ако ме разбирате! Ако постигнеш некаков успех, веднаш тоа го исплатил некој спонзор или си го сработила на некој агол… ако си била мажена и имаш дете па јавно се разведеш… ти си број еден естрадна К**ва! Е сега, кога на вас тоа ви го нацртав и обоив, се надевам мили мои, кои го читате ова, дека ќе сфатите дека во животот никогаш не треба да се ослонувате на туѓи мислења, затоа што од нив не се живее, ниту вас ви носат среќа и пари. Посветете се на себе и своите сонови, кои и да се и храбро чекорете напред со подигната глава!!! Морате секогаш да знаете кои сте и што сте, пред Бога чисти и никој не ви може ништо! Не велам дека патот ќе биде лесен, но морате да го сакате, затоа што тоа е ваш пат!!!

- Реклама -