Триглав Осигурување Скопје постигна извонредни резултати во првата половина на 2015 година.
Компанијата ја зацврсти својата водечка позиција со зголемување на пазарниот удел за 5,4%, во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 17,61 проценти. Во дадениот период, Триглав оствари речиси 13% повисока бруто полисирана премија во однос на првата половина на 2014 година, достигнувајќи 11 милиони евра во премии, со што постигна многу поголем раст отколку самиот осигурителен пазар, чијшто раст, споредено со истиот период минатата година изнесуваше 7,11%.
Покрај тоа, Триглав и понатаму е лидер на македонскиот пазар во бруто исплатени штети, што е потврда на ефективноста на усвоените интерни процеси, како и на експертизата на вработените.