Што не смеете да облечете на свадба: Ова не е вашиот посебен ден

Доколку не сакате да ја засените невестата, обрнете внимание и немојте да се облечете на некој од овие начини.

На речиси секоја венчавка постои девојка или жена која никогаш не слушнала за правила на облекување, по повод ваква свеченост.

Кога размислувате за изгледот на венчавката на која што сте поканети како гости, запомнете дека вашата задача не е да ги засените сите во салата, бидејќи тоа е ден на луѓето кои ги сакате и ги почитувате.

Би требало да се облечете женствено, дамски и елегантно, со лесна доза на сексипил, а во бутиците можат да се пронајдат прекрасни фустани за слични прослави.

Девојките во долги бели фустани ( кои необично потсетуваат на венчаници), жените со премногу кратки здолништа, кршат две правила на непишаниот код за облекување, а за да не ви се случи тоа и вам, запомнете 10 правила за во иднина.

Бел фустан: Од очигледни причини. Бели обувки, бела чанта и шешир не се дозволени.

Прекраток фустан или здолниште. Венчавката не е клуб. Облечете нешто женствено и пристојно.

1kuma_jpg500

Гламурозен, широк и долг фустан: Тоа не е вашиот ден, обидете се да не бидете највпечатливи.

Фустани во сирена крој: Ако и невестата има венчаница во ист крој, тоа би било голем проблем.

Фустан без градник: Ако имате големи гради или доколку фустанот е направен од тенок материјал, тогаш ќе изгледате крајно невкусно.

Фустан до длабоко деколте: Во фокусот на фотографиите не треба да бидат вашите гради, а и на луѓето со кои што седите може да им биде непријатно.

Проѕирни фустани и блузи: Логично, не треба сите да гледаат во вас.

Комбинација на топ и здолниште: Венчавката не  е прослава на која што треба да го покажувате вашиот стомак.

Фармерки: Избегнувајте го џинсот.

Животински принт: Освен ако фустанот не е таа година во мода. Сепак, држете се подалеку од зебрите, лепардите и тигрите за вакви прослави.

Неонски бои: Свадбата не е рејв забава од пред 20 години.

Обрнете внимание на облекувањето, бидете дами.

Прочитај повеќе: Фустани за гостинки на зимска свадба

- Реклама -