Колку трае ефектот на само една лименка енергетски пијалок?

Во последно време, по интернет порталите често се пишува за тоа што се случува во телото откако ќе испиеме одредени пијалоци. Дојде редот и на Red Bull.

Уште во првите 12 минути откако ќе испиете само една лименка од енергетскиот пијалок, се зголемува крвниот притисок и се забрзува пулсот. По 12-24 часа почнувате да чувствувате главоболка, нервозни сте и често имате запек. Наводно, за организмот целосно да се исчисти од ефектот на Red Bull, потребни му се дури 12 дена.

Експертите советуваат дека составот на споменатиот енергетски пијалок е мошне непријатен за вашето здравје.

„Толку е голема содржината на шеќер, што тоа е застрашувачко. Дополнително, pH вредноста му е иста со онаа на оцетот. Во комбинација со толку шеќер, тоа е совршена формула за уништување на забниот енамел. Големата колиќина на кофеин во пијалокот нема да ви донесе ништо добро, напротив“, објаснува д-р Стјуарт Фаримонд за Daily Mail.

- Реклама -