Колку често треба да ги переме постелнината, крпите и пешкирите?

Колку често ги перете постелнината и крпите дома?

Според едно истражување за јавното здравје, повеќето луѓе ги перат крпите и постелнината во домот доста често, иако не е доволно. Погледнете неколку општи насоки за тоа колку често треба да се менуваат овие секојдневно користени материјали.

Пешкири за во бањата

Препорачливо перење: на секои три или четири употреби  

Пешкирите за после капење обично се здобиваат со специфичен “мирис” по само неколку дена живот. Ако вршите тешка физичка работа или многу се потите, размислете да ги менувате почесто. Освен тоа има едно златно правило – не го споделувајте овој тип на крпи со други луѓе, дури и со членови на семејството.

Z_Towel_Owl_L2

Чаршафи

Препорачливо перење: на секоја една или две недели

Чаршафите можат да бидат предмет на различен тип на уништување, па изборот за тоа колку често ги перете треба да биде ваш. Ако мирисот на чиста постелнина ве тера да се смеете, тогаш фрлајте го во машината секоја недела. Можете да ги менувате и почесто, ако некој во семејството е болен, имате навика да спиете голи или ви е потребно да го прескокнете вечерниот туш. Имајте на ум дека во летните месеци постелнината се кине побрзо отколку во зимските.

Dog on Bed Covered in Feathers --- Image by © Justin Paget/Corbis

Крпи за кујна

Препорачливо перење: секоја недела

Угостителските крпи собираат остатоци од храна и дамки, кои можат да доведат до развој на бактерии и мириси, па мора да ги замените барем еднаш неделно, ако ги користите активно. Ако тие се повеќе декоративни и не готвите често, може да си дозволите да ги перете и еднаш месечно.

UseYourDishcloth

Пешкири и крпи за раце

Препорачливо перење: на секои два или три дена

Бидејќи крпите за раце обично се користат активно од многу луѓе во најразлични прилики, треба да ги фрлате во машината почесто отколку долната облека. Добрата работа кај нив е тоа што чинат доста помалку од постелнината, што значи дека можете да си овозможите почесто да ги обновувате.

Завеси

Препорачливо миење: два пати во годината

За разлика од веќе споменатиот домаќински прибор, кој што привлекува телесни мириси и честички, завесите се многу повеќе склони кон тоа да собираат прашина. Ако вие или некој друг од вашето семејство има алергии, тогаш треба да ги перете еднаш на три месеци. Ако пак немате, тогаш еднаш на шест месеци е доволно. Задолжително сепак чистете ги редовно со чистач на пареа, ако имате таков. Не се ставајте во искушение да ги перете почесто – така само ќе ја уништите бојата и ќе го направите материјалот покревок.

amazing-white-rod-pocket-fabric-curtains-for-windows-with-ball-shaped-brass-material-finials-also-curved-shaped-heading-tape-style-curtain-for-windows-furniture-perfect-curtain-design-collections-for

Перници

Препорачливо перење: два пати во годината

Без разлика дали една перница е направена од пердуви или синтетички материјали, треба да ја перете двапати годишно. Можете да ја користите сопствената перална или хемиско чистење. Ако сакате да го продолжите животот на една перница, никогаш не спијте на неа без навлака.

1-Kako-da-gi-isperete-pozholtenite-pernici-www.kafepauza.mk_

- Реклама -