Сексуални грешки што можат да чинат скапо

Сексуални задоволства кои не смеете да си ги дозволите под вакви околности.

Ако се најдете некогаш во искушение да пробате еден од овие четири видови на секс, размислете добро бидејќи истите можат да бидат погубни за вашето достоинство или пак, утредента да процените дека се надвор од здравиот разум.

Секс после раскинување

Можеби во моментот на очај ви изгледа како добра идеја, но последиците од ова можат да бидат сериозни. Раскинувањето значи дека врската не била во ред. Па дури и ако сексот не е причина, истиот може дополнително да ја искомплицира веќе незгодната ситуација – а веруваме дека тоа не е вашата цел.

Партнерот многу лесно може погрешно да ги протолкува вашите намери и да го разбере сексот како повик за помирување, а не како последен поздрав со стил.

Дури и доколку сте личност која јасно ги дава до знаење своите намери, повторно сметаме дека тоа не е добра идеја.

Потребно е да помине време за да станете имуни на личноста која што сте ја сакале, а додека раната е свежа поштедете се од измешаните чувства, што можат да влијаат погрешно на одлуката.

Пијан секс

Неколку пијалоци можат да ве опуштат и да ви помогнат да се решите од одредени инхибиции, но обидете се да ја ограничите количината на алкохол што ја внесувате во организмот.

Доколку планирате да пиете, имајте на ум дека алкохолот влијае на вашата способност за расудување. Утрото нема да ви донесе само каење, туку алкохолот може да влијае и врз вашата одлука да не користите заштита, па важно е однапред да планирате, бидејќи не сакате да се разбудите и да разберете дека сте го уништиле остатокот од вашиот живот поради една возбудлива ноќ.

И не само тоа, алкохолот влијае на циркулацијата, што ја отежнува ерекцијата, така што лесно може да се случи возбудата да исчезне.

seks

Секс од сожалување

Ако минувате низ тежок период и ви недостасува самодоверба, сексот за една ноќ дефинитивно не е вистинското решение – особено ако сте жена.

Иако ваквиот секс може да биде забавен за некои, жените речиси секогаш го влечат подебелиот крај.

Неколку истражувања покажаа дека повеќе од 50 проценти од жените се разочарани по секс за една ноќ, додека 80 проценти од мажите гледаат позитивно на ваквото искуство.

Секс за смирување

Експертите се поделени по повод овој вид на секс, така што најдобро е самите да видите дали сакате да се впуштате во оваа авантура.

Одредени експерти сметаат дека сексот за помирување ја наградува расправијата, драмата и лошото однесување и тврдат дека паровите на овој начин избегнуваат да пронајдат решение за одередени проблеми и се насочуваат кон задоволството, за кое што знаат дека се и двајцата согласни.

Од друга страна, ако несогласувањата ги решавате со комуникација, компромис и планови за понатамошен напредок на врската, сексот може да биде возбудлив и крајно функционален – како награда за добро завршената работа.

 

- Реклама -