Ја видел без шминка и ја дал пред суд

Додека целиот свет се залага за истакнување на природната убавина, еден младоженец тврди дека му било нанесено психичко страдање.

Тој има намера да ја тужи својата сопруга за измама и претрпена емоционална траума, откако ја видел без шминка. Мажот, чие што име не е познато, ја видел жена си без шминка за прв пат, за време на првата брачна ноќ и одбил да поверува дека тоа е неговата сопруга.

Според медиумите во Алжир, каде е склучен бракот, невестата никогаш не се појавила пред својот иден сопруг во природно издание, пред големиот ден. Наводно, тој бил толку изненаден кога ја видел со чисто лице за прв пат, што помислил дека во домот му влегол крадец.

Извор од судот соопштува дека младоженецот му кажал на судијата дека се смета за измамен од жената која никогаш претходно не ја запознал без шминка. Тој споделил уште дека таа изгледала многу убава пред бракот, но не и утрото, кога се разбудил крај неа.

Младоженецот бара 13 000 фунти отштета за нанесено „психичко страдање“.

- Реклама -