Кејти Холмс доби старателство над Сури

Кејти Холмс ја доби битката за старателството над нејзината ќерка Сури, во разводот со Том Круз. 33-годишната актерка и 50-годишниот глумец се разделија минатиот месец по пет години брак, а за време на вчерашната бракоразводна парница, адвокатите на Кејти издејствувале нејзината 6-годишна ќерка да продолжи да живее со неа во станот во Њујорк.

Исто така, Холмс инсистирала на посебни услови во кои Круз ќе може да ја посетува нивната ќерка. Тој доби право еднаш неделно да ја гледа Сури, но на средбите ќе мора да бидат присутни и дадилката на девојчето, како и телохранителот. Оваа одлука на Кејти доаѓа поради обидите на Круз да ја приклучи Сури во скиентолошкиот култ.

Адвокатите на Кејти велат дека додека нејзиниот најголем приоритет е Сури, Том е опкружен со безброј скиентолози што постојано работат за него и поради тоа Холмс инсистирала тој никогаш да не биде сам со нивната ќерка. Сури не смее да биде во контакт со ништо што е поврзано со скиентологијата и не смее да посетува цркви или забави поврзани со овој култ.

Според People, Круз назначил дека многу ја сака својата ќерка и сметал дека вистинската одлука е таа да остане со својата мајка. Двојката не сакала нивниот развод да се развлече и со тоа да стане мета на јавноста, затоа што тоа би можело да остави негативни психички последици на малата Сури.

Двојката потпишала и писмена изјава со која се обврзуваат заеднички да работат во родителските обврски, а со тоа и интересите на Сури секогаш да бидат на прво место.

- Реклама -