Одмор и мир во најубавите засолништа низ светот

Засолништата лоцирани на планините или во шумите, им помагаат на уморните туристи да земат здив.

Обично се работи за скромно уредени бараки, но тоа не е секогаш така. Овие 11 градби се наоѓаат на изолирани места и нудат вистински мир. Некои од нив се бесплатни, а други се издаваат. Генерално, почиваат на изолирана локација и нудат удобност и мотив да се искуси животот надвор од цивилизацијата:

Joe Batt’s Arm, Остров Фого, Њуфаундленд, Канада

1

Се наоѓа на еден рид со поглед кон езерото. Њуфаундленд е „Мека-та“ на иновативната архитектура, што е изненадувачки за провинција со 2 500 жители. Заслоништето нема врата и е отворено од две страни. Островот Фого првично бил рибарско селце. Многу од доселениците дошле од Ирска и Англија.

Рибарско засолниште, Титлинг, Островот Фого, Њуфаундленд

2

Риболовот бил главен извор на приходи за населението тука до 1992 година. Тогаш владата го забранила ловот, поради намалената популација на рибите, што се одразило како голем удар за локалната економија.

Марфа, Тексас

3

El Cosmico умее да направи пријатен дури и шатор во пустината.

Тулум, Мексико

4

Проектот е на Uno Astro Lodge.

Гилфорд, Кенекикет

5

Прекрасна колиба на Грас Ајленд, Конектикат.

Бермео, Шпанија

6

До црквата и засолништето се стигнува по искачување на 241 скалила. Првично црквата е изградена во 9-тиот век, а потоа е нападната и ограбувана повеќе пати.

Килиманџаро, Танзанија, Африка

7

Оваа градба се користи за тоалет. Можеби тоалет со глетка, каква што не сте виделе. Се наоѓа на патот за искачување на Монт Килиманџаро.

Селска куќа во Исланд

8

Многу Исланѓани имаат мали куќи во селата како оваа. Тие стојат недопрени цела година, а луѓето ги посетуваат за кратко во текот на летото.

Стара куќа во Исланд

9

Куќите во Исланд небаре имаат способност да се прелеваат со нивната околина.

Терлингуа, Тексас

10

Камп во близина на границата со Мексико.

Луанг Прабанг, Лаос

11

Многу семејства во Лаос живеат во такви куќи, кои што надвиснуваат над реката.

- Реклама -