Вкупно 18 медицински работници од Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир се во изолација како резултат на контакт со три родилки кои криеле дека имале контакт со заболен од Ковид-19, за кои потоа се покажало дека и самите се позитивни, информира директорот на болницата – д-р Башким Исмаили, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“.
Родилките не давале точни податоци на епидемиолошките анкети, вели Исмаили и посочува дека криењето е голем проблем и дека за давањето неточни податоци треба да се одговара. Токму поради ваквите несовесни постапки, вели, веќе сите вработени, сестри и доктори во болницата носат маски и визири, а маски им се даваат и на сите родилки.
Во изјавата за порталот, Исмаили ги замолува пациентите/родилките да се искрени на анкетите, но истовремено и ги предупредува граѓаните:
„Нема да има кој да ги лекува граѓаните ако не ни даваат точни и искрени информации“, вели директорот на болницата. Повеќе ТУКА.