Батеријата на овој телефон може да издржи до три месеци

Уредот кој служи како телефон, батерија и блутут слушалка, би можел наскоро да стане еден од омилените уреди на луѓето кои постојано се жалат од батеријата на својот телефон.
Запознајте го  “Janus One” – уред каков што досега не сте виделе. Тој е слушалка за некој друг смартфон приклучен по пат на Блутут врска, самостоен телефон или полнач на друг мобилен уред.

„Janus One“ е уште еден од Kikstarter проектот кој ја заскокотка фантазијата на многумина и веќе собра 17.000 долари за финансирање, а целта од посакуваните 50.000 долари сигурно ќе се оствари до 15 август.

„Janus One“ е водоотпорен, изработен е од најквалитетни материјали, тенок е само 5,5 милиметри, има  OLED дисплеј со дијагонала од 1,68 инчи, капацитет на батеријата од 1.500 и способност да трае три месеци. Телефонот работи и како педометар, поддржува испраќање на СМС пораки, има именик за до 500 контакти, прифаќа микро SIM картичка и  поддржува само 2,5 G (EDGE) GSM мрежа.

Цената за “Janus One” ќе биде 69 долари со достава, а испораките се планираат во септември.

Погледнете на што се е способен уредот:

- Реклама -