Мариконе: Ферари чини 100 милијарди евра!

Топ-шефот на концернот Fiat Chrysler Серџо Маркионе очекува дека 10% од акциите на брендот, кои ќе бидат понудени на берзата на 13 октомври оваа година, ќе достигне цена од 10 милијарди евра.

– Имаме конкретни очекувања, бидејќи брендот Ferrari е единствен по многу нешта, истакна Маркионе минатиот петок за време на претставувањето на новата генерација на Fiat 500 во Торино. – Освен тоа ќе има и дефицит, бидејќи планираме да продадеме едвај десет проценти од акциите.

Минатата година раководството на Fiat Chrysler најави планови за продажба на овие 10% од акциите на Ferrari, но работите ни одблизу не созреаја до сега, за да се започне со  реализација на истите. Останатите 80% остануваат кај инвеститорите на концернот, а синот на основачот на Ferrari, Пјеро Ферари ќе ги задржи за себе неговите десет проценти. Приемот на максимално можниот приход од продадените акции има клучно значење за плановите на Маркионе за реализација на планираните идни инвестиции во износ од 48 милијарди евра. Овие средства ќе се насочат кон зголемување на производството и продажбата на Алијансата Fiat Chrysler, до 7 милиони возила, до 2018 година.

Во оваа година акциите на Fiat Chrysler пораснаа за 33%, зголемувајќи пазарната капитализација до 16,6 милијарди евра.

- Реклама -