Тетрисот помага во справувањето со трауматичните искуства

Она прекрасно чувство кога ќе спарите 4 линии може да ви помогне да се справите со пост-трауматскиoт стрес.

Истражувачите од британскиот Медицински истражувачки центар за когниција и науки за мозокот пронајдоа дека играњето тетрис може да им помогне на пациентите да се ослободат од отпорните спомени на сообраќајни несреќи, напади и слични трауматични искуства.

Емили Холмс, предводник на студијата, вели: Ова е особено интересно затоа што непоканените интрузивни спомени се главниот симптом на пост-трауматското стресно растројство.

Истражувачите велат дека играњето Тетрис и слични игри е корисно за менталното здравје бидејќи пациентите можат да го почнат својот „третман“ многу порано, додека психотерапијата обично започнува неколку седмици од трауматската епизода, откако шокот ќе спласне.

„Ова откритие е првото за кое знаеме што покажува дека едноставните когнитивни блокади можат да ги редуцираат интрузивните спомени настанати од искусена траума, преку процес на реконсолидација на меморијата“, вели Холмс.

Иако луѓето се обидуваат да ги заборават трауматичните искуства, тие имаат корист од враќањето на тие спомени назад во мислите, но во одредени безбедни услови, во кои таквите спомени би биле помалку интрузивни. Според студијата, тетрисот ќе ви помогне да ги одложите непријатните сеќавања токму за таквите моменти.

- Реклама -