Да се моча или не: Што ако ве касне медуза?

Така сте чуле, така сте прочитале, дури и сте го виделе тоа во познатата серија „Пријатели“, кога Чендлер ѝ помага на Моника уринирајќи на нејзината нога. Арно ама, не е сé баш така едноставно.

Од Американскиот колеџ за итна медицина велат нешто поинаку. Домашните марифети против убод од медуза, вклучително и уринирањето врз пликовите, е помалку ефикасно отколку да ја измиете раната и да употребите локален анестетик. Како што рековме, не е само урината – мачкање на оцет, алкохол или сода бикарбона на раната, всушност може да ја зголеми болката и да ја влоши ситуацијата.

За да разбереме зошто контактот со овие желе-неранимајковци е толку болен, треба да фрлиме поглед на самиот механизам на убодот. Пипците на медузите се нанижани со книдоцитни клетки. Во овие клетки има нематоцисти – боцки полни со отров, дизајнирани за лесно да ја раскинат човечката (меѓу другото) кожа и да предизвикаат болни плускавци.

A dead Jellyfish on the beach of Tel Aviv. July 12, 2009. Photo by Uri Lenz/ FLASH90 *** Local Caption *** éí îãåæä ÷éõ

Уринирањето на овие плускавци не е клучот кон намалување на болката. Всушност, урината може да го промени изгледот на клетките околу раната и да предизвика поголем проблем. Сите преостанати нематоцисти што не го ослободиле својот отров, веројатно тоа ќе го направат во моментот кога ќе уринирате врз нив.

Затоа, најдобрата непосредна реакција е темелно да го измиете местото на каснувањето со солена морска вода (не би требало да е проблем да најдете таква, нели?), но само откако ќе ги отстраните сите остатоци од пипците на медузата закачени на вашата нога.

- Реклама -