Симпатичен апартман вклопен во скандинавскиот шмек

Во нашиот виртуелен дом, често презентираме стилски апартмани и станчиња лоцирани низ светот.

Овој пат здивот ни застана пред еден современ стан , кој се наоѓа во Гетеборг, Шведска.

Ова прекрасно и пријатно катче зафаќа површина од околу 60 квадратни метри и е совршен дом за модерниот работен човек .

Белите ѕидови создаваат вешт контраст со класичните дабови подови во дневната. За пријатното расположение се “грижат” сликите и шарените акценти , расфрлани низ целиот стан.

Впечаток создаваат и двата антички камини вградени во ѕидот, кои увезуваат дополнителен шик во внатрешноста.

- Реклама -