Келтски рецепт за секира од дрво и камен, без никаков алат

Нашите предци од историјата правеле алати користејќи го само она што им го овозможувала природата – дрво, камен и оган. За истото сме учеле и во најраните школски денови, но баш и сме немале прилика да видиме како изгледа самиот процес. Е па, еве ја:

Само да напоменеме неколку работи:

  • Одберете камен што ќе биде сличен по форма со саканиот резултат, за да заштедите на труд и време
  • „Исполирајте го“ добро работ на каменот за да не отапува. Ако тоа се случи, прекинете со работата и веднаш наострете го, во спротивно само ќе се влоши
  • Обликувајте ја рачката додека е свежа/зелена. По стврднувањето со оган, дрвото станува прецврсто за да може да се обликува со камени алати.
  • Главата на секирата (сечилото) не треба да ги допира страните на отворот, во спротивно, дрвото ќе се расцепи.
  • Идеалната позиција за главата на секирата т.е. отворот,  е помеѓу два чвора (горе и долу). На тој начин ги намалувате шансите дрвото да се расцепи

Оваа вештина е добра да се знае од две причини:

1. Маж сте

2. Никогаш не знаете кога животот ќе ви приреди изненадување и ќе се најдете во ситуација на преживување во која ќе морате да се потпрете на древните знаења за опстанок.

- Реклама -